Почетна Македонија ФОТО | „Многу го сакам овој дечко“: Ќерката на Брус Вилис сподели емотивни фотографии со актерот кој се бори со деменција

ФОТО | „Многу го сакам овој дечко“: Ќерката на Брус Вилис сподели емотивни фотографии со актерот кој се бори со деменција

од nenad
2 минути читај за




Ќерката на холивудскиот актер Брус ВилисТалула Вилис, сподели неколку фотографии со својот татко, кој веќе некое време се бори со деменција. На првата фотографија актерот ја бакнува ќерка си во главата, на втората позираат заедно додека јадат, а на последната Талула разгледува албум со насловните страници на кои се најде Брус Вилис низ годините. „Многу го сакам овој дечко. Тешко е да се чувствуваат чувства, но благодарна сум што дозволувам да поминат низ мене сега, наместо да се исклучувам од нив. Од вечните архиви“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Талула Вилис
Фото: Инстаграм/Талула Вилис
Фото: Инстаграм/Талула Вилис

Да потсетиме, во 2022 година беше објавено дека Вилис ќе се повлече од својата актерска кариера поради здравствени причини, односно дека му е дијагностицирана афазија. Една година подоцна, неговото семејство соопшти дека неговата болест напредувала и дека Вилис добил поспецифична дијагноза: фронтотемпорална деменција.

Деми Мур и Брус Вилис се разведоа во 2000 година, a имаат три возрасни ќерки – Румер, Скаут и Талула. Поранешниот пар продолжи пријателски да ги споделува семејните искуства низ годините. Вилис е во брак со Ема Хеминг Вилис повеќе од 16 години, со која има две мали ќерки – Мејбел и Евелин.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING