Куќата на популарната пејачка е како од американски филмови.
Пејачката Емина Јаховиќ со години живее во Турција, но не ги заборава своите корени, па често со децата престојува во Србија и во родниот Нови Пазар.
Куќата на Емина и нејзиното семејство се наоѓа во самиот центар на градот, но пред неколку години му ја отстапија на турскиот конзулат и изградија нова.
Како што велат жителите на овој град, новата куќа е како од американските филмови, целата е од стакло и се наоѓа на место со најубав поглед на градот.
Поврзани објави
Околу неа има огромен двор, кој исто како и куќата е доволно голем за сите членови на нејзиното многубројно семејство.
Жителите на Нови Пазар имаат само убави зборови за пејачката и нејзиното семејство.
Тоа е прекрасно семејство, нејзиниот татко беше лекар, но почина млад. Тој беше најдобриот специјалист. И мајка ѝ е докторка. Сите имаат само добри работи да кажат за нив – вели една жителка на Нови Пазар.
Видео: Youtube