Почетна Убавина и здравје (Фото) Детали од свадбата на норвешката „видовита“ принцеза и самопрогласениот шаман

(Фото) Детали од свадбата на норвешката „видовита“ принцеза и самопрогласениот шаман

од nenad
3 минути читај за

Норвешката принцеза Марта Луиз во саботата се омажи за самопрогласениот „шаман“, Американецот Дурек Верет. Тие се венчаа во хотел во Гејрангер, туристичко село во фјорд на западниот брег на земјата.

Постарата ќерка на кралската двојка, која има 52 години, тврди дека е видовита и способна да комуницира со ангелите, а нејзиниот сопруг кој има 49 години истакнува дека тој е „шаман од шестата генерација“, а меѓу другото продава златни амајлии тврдејќи дека спасува животи.

 

„Многу сум духовна, толку е добро да се биде со некој што го поддржува тоа“, објави принцезата на Инстаграм во јуни 2022 година, неколку дена по објавувањето на свршувачката.

Церемонијата се одржа под огромен бел шатор. Двојката продаде ексклузивни права на фотографии и видеа од церемонијата.

Марта Луиз носеше традиционална бела венчаница и тиара што и ја подарил нејзиниот дедо, кралот Олав, за нејзиниот 18-ти роденден, пишуваат норвешките медиуми. Дурек носеше црн костум со позлатен ремен.

 


Поврзани објави

Освен кралот Харалд и престолонаследникот Хакон кои носеа темни костуми, кралското семејство беше облечено во традиционална норвешка носија.

По коктелот, речиси 350 гости беа поканети на гала вечера. Во петокот пак, на гостите им беше организирана прошетка со брод околу фјордот и салса вечер.

Младоженците тврдат дека ова е на некој начин втор брак за нив – „шаманот“ Верет објаснува дека во минатиот живот бил фараон и дека Марта Луиз му била сопруга.

Поради оваа врска и нивниот начин на живот, принцезата мораше да се откаже од сите службени должности во 2022 година.

Таа има три ќерки од првиот брак со норвешкиот писател Ари Бен, од кого се разведе во 2016 година.

Кралот на Норвешка пак, ќе го наследи нејзиниот две години помлад брат, принцот Хакон.

Ексцентричната двојка ја намали популарноста на кралското семејство во Норвешка, која сепак останува висока. Од 81 отсто во 2017 година, популарноста им падна на 68 отсто, покажа неодамнешното истражување на норвешката национална телевизија НРК.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING