Почетна Македонија (ФОТО ГАЛЕРИЈА) СТОЈКОСКИ: Стратегија на Општина Ѓорче Петров за родова еднаквост 2024- 2027 година

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СТОЈКОСКИ: Стратегија на Општина Ѓорче Петров за родова еднаквост 2024- 2027 година

од nenad
1 минути читај за

 

                                    Дводневна обука со предавачи од UN Woman на која беше презентирана Стратегијата на Општина Ѓорче Петров за родова еднаквост 2024- 2027 година. На обуката беа вклучени вработени од сите сектори, што во иднина секако значи интерсекторска соработка во однос на промоција на стратегијата и нејзина примена во пракса. Општина Ѓорче Петров ја изработи Стратегијата за родова еднаквост 2024-2027 година која е стратешки документ за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности меѓу мажите и жените.

 

Истата ќе придонесе за промовирање на родовата еднаквост и справување со постојаните нееднаквости и пречки со кои се соочуваат жените и мажите во Општина Ѓорче Петров.Наша цел како општина што активно е вклучена во овој процес е да ја унапредиме родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски. Се стремиме кон континуирано подобрување на квалитетот, услугите, безбедноста и стандардите на живеење преку креирање локални политики и воспоставување механизми.

 

Воедно, на ваков начин градиме и општество во кое мажите и жените ќе ги имаат истите привилегии и одговорности при остварување на заеднички проекти. Да придонесеме сите во унапредување на родовата еднаквост како клучна рамка во градењето на демократијата и просперитетот во нашето општество. Со ❤️ за Ѓорче!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING