Почетна Македонија (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ДИРЕКТОРОТ НА ИРИ ЏОН ФЛУАРТИ

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ДИРЕКТОРОТ НА ИРИ ЏОН ФЛУАРТИ

од nenad
1 минути читај за




Претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска остварија денеска средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Џон Флуарти. На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и ИРИ, како и за можностите за надградување и проширување на соработката во наредниот период, и во други сегменти.

Беше искажана добра волја за понатамошна логистика за јакнење на капацитетите на законодавната власт во делот на легислативата, стручната служба, транспарентноста и независноста. Соговорниците посебно се осврнаа на можностите за засилување на надзорната улога на Собранието, како и на неговата отвореност кон јавноста.

Претседателот Гаши притоа ја истакна својата визија за  целосна отвореност на Собранието, како просторно, така и инстутуционално, во интерес на граѓаните, како носители на суверенитетот.   Исто така, беа разменети мислења за предизвиците со кои се соочува Собранието во однос на чекорите за исполнување на стратешката цел на земјава за интеграција во Европската Унија. 



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING