Почетна Економија (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ВИКТОР ОРБАН

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ВИКТОР ОРБАН

од nenad
6 минути читај за





Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на земјава.На средбата присуствуваа и претседателката на Пратеничката група за соработка на Собранието на РСМ со Парламентот на Унгарија, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Претседателот на Собранието притоа ја подвлече постојаната поддршка на Унгарија на евроинтеграривниот пат на земјава, која несомнено е резултат на односите кои ги негуваат нашите држави од воспоставувањето на дипломатските односи во 1994 година.

Гаши го информираше Орбан за формирањето на Групата за соработка со Унгарија на почетокот на мандатот и упати покана до претседателот на унгарскиот Парламент да ја посети земјава, нагласувајќи дека соработката меѓу двата парламента треба да се продлабочува и развива на сите нивоа, преку претседателски возвратни посети, групите за соработка, пратеници и службеници.

Претседателот Гаши искажа благодарност за заемот од Унгарија кој несомнено претставува нова енергија за нашата економија. Премиерот Орбан се заблагодари за срдечниот пречек и отворените разговори со претставниците на државата. Нагласи дека средбите и меѓупарламентарната соработка е особено важна за односите меѓу двете држави и дека секогаш се залага и поддржува комуникација и соработка во сите сфери на општеството, особено меѓу законодавните домови.

Унгарија останува посветен и отворен поддржувач на нашето членство во Европската Унија и високо ја цени улогата на Северна Македонија во сферата на заштитата на границите на Унијата, превенцијата од нелегална миграција кон ЕУ и затоа инвестира и ресурси и финансии и во земјава.Соговорниците се согласија дека и соработката во НАТО ќе продолжи и ќе се унапредува во насока на враќање и одржување на мирот во Европа и во светот.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING