Почетна Македонија (ФОТО+ВИДЕО) РОБОТИТЕ ПОДМОРНИЦИ СЕ ИДНИНАТА НА ПОДВОДНОТО ВОЈУВАЊЕ Австралија и САД имаат најмоќни прототипи

(ФОТО+ВИДЕО) РОБОТИТЕ ПОДМОРНИЦИ СЕ ИДНИНАТА НА ПОДВОДНОТО ВОЈУВАЊЕ Австралија и САД имаат најмоќни прототипи

од nenad
2 минути читај за

Експертите велат дека подморниците без екипаж би можеле да бидат иднината на подводното војување бидејќи користат огромна моќ, а ја намалуваат заканата по човечкиот живот. Иднината на поморската пацифичка одбрана наликува на научнофантастичен филм, со новите прототипи за подморници без екипаж. „Гоуст шарк“ и „Манта реј“ се имињата на прототипите на подморниците, претставени од Австралија и од САД, објави Си-Ен-Ен. Експертите велат дека таквите подморници би можеле да бидат иднината на подводното војување бидејќи користат огромна моќ, а ја намалуваат заканата по човечкиот живот.

   

Употребата на дронови во воздушната војна стана вообичаена. САД интензивно ги користеа за време на конфликтите во Ирак и во Авганистан во раните 1990-ти и 2010-ти, а поновите и поевтини дронови станаа клучна воена опрема за двете страни во руската инвазија на Украина. Киев има изградено и поморски површински дронови. Дроновите од воздух и од море може да се контролираат со помош на сателити и радиобранови. Но, тие не функционираат исто како во морските длабочини. Студија од 2023 година, објавена во швајцарското списание „Сензорс“ (Sensors), истакнува дека подводните комуникации бараат повеќе енергија и сѐ уште доживуваат значителна загуба на податоци поради променливите како температурата на водата, соленоста и длабочината. Исто така, има проблеми со комуникациите.

Но, кога Австралија минатиот месец го претстави „Гоуст шарк“, таа ги нарече прототипите „најнапредните подводни автономни возила во светот“. „’Гоуст шарк’ ќе ѝ обезбеди на морнарицата способност за автономна подводна војна, со долг дострел, која може да спроведе постојани мисии за известување, надзор, извидување и напад“, се вели во соопштението на австралиското Министерство за одбрана, додавајќи дека првите сериски модели треба да бидат испорачани до крајот на следната година.

Ваквите подводни дронови ги следат стапките на американските Орки, кои се развиваат во САД, а се многу слични по спецификациите. Освен Австралија и САД, кои отидоа најдалеку во развојот на овие подморници, други земји кои работат на беспилотни подморници се Кина, Канада, Франција, Индија, Иран, Израел, Северна Кореја, Норвешка, Русија, Јужна Кореја, Украина и Обединетото Кралство.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING