Почетна Македонија ФОКУС: Сашо Клековски најверојатно ќе биде нов директор на Фондот за здравство

ФОКУС: Сашо Клековски најверојатно ќе биде нов директор на Фондот за здравство

од nenad
1 минути читај за

Клековски доаѓа  од светот на невладините организации, беше долгогодишен извршен директор на МЦМС, како и познат бизнисмен, кој на почетокот на 2022 година стигна до врвот на ВМРО-ДПМНЕ, во неговиот Извршен комитет. Тој е редовен учесник на дебати на телевизиите.

   

Клековски има завршено Медицински факултет, но никогаш не работел како лекар. Тој се споменуваше и како кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, но тоа не успеа, а победата ја однесе професорката Гордана Сиљановска-Давкова.„Фокус“ го побара Клековски за да го прашаме дали се точни инфомациите дека ќе биде нов директор на оваа здравствена институција, но тој ниту потврди, ниту демантираше.Претходно објавивме кои се нови директори ќе добијат скопските клиники.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING