Почетна Економија ФОКУС: Ирена Алексиоска-Папестиев најверојатно ќе биде нова директорка на скопска Гинекологија

ФОКУС: Ирена Алексиоска-Папестиев најверојатно ќе биде нова директорка на скопска Гинекологија

од nenad
2 минути читај за

Со промената на власта пред речиси една недела и откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема раководната палка со забрзано темпо почнаа да се менуваат и директорите. Веќе е направен список на дел од луѓето, кои ќе седнат на директорските фотељи, а тој бран веќе ги зафати и скопските клиники.
Според нашите информации, од страна на ВМРО се доставуваат списоци со нивни кадри до актуелниот министер за здравство Арбен Таравари, па досега три клиники и официјално добија нови директори. На скопската Клиника за токсикологија нов директор е Андон Чибишев, кој не седнува за првпат на директорското столче, туку со оваа клиника раководеше за време на целиот период додека поранешниот премиер Никола Груевски беше на власт. Тој подоцна стана и пратеник во македонското собрание.

   

Исто така, нов директор доби и скопска Неврологија од каде што доаѓа и Таравари, а на директорската фотелја седна Фатмир Меџити, негов близок сопартиец, кум и поранешен министер за здравство. Тој краток период го раководеше секторот здравство, но за овој период не успеа да направи некои радикални промени, иако постојано се фалеше со разни проекти.
Нов директор доби и скопската Клиника за онкологија и радиотерапија, па така на местото на досегашната директорка Виолета Клисаровска доаѓа доктор Игор Стојковски, кој е непознат за јавноста. Тој е специјалист во одделот за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа.

Досега, овие директори се официјално назначени, но како што дознаваме на дел од клиниките има и по неколку предлози за оваа функција. Сепак, засега како единствен предлог за директорка, која се уште официјално не е е назначена е доктор Ирена Алексиоска-Папестиев, како прв човек на скопската Клиника за Гинекологија. Таа е член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и работи како гинеколог на клиниката.

Папестиев ако биде поставена за директорка ќе дојде на местото на доктор Викторија Јовановска, која од доаѓањето на СДСМ на власт раководи со клиниката, речиси седум години. Таа за време на својот мандат успеа да ја да ја намали смртноста на бебињата, која беше алармантна.Во текот на наредната недела ќе се знаат имињата на сите директори на скопските клиники, иако се очекува според ветувањата во изборната програма Клиничкиот центар повторно да се спои.Актуелниот министер за здравство во моментот разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING