Почетна Свет Фицо отпуштен од болницата ќе закрепнува дома

Фицо отпуштен од болницата ќе закрепнува дома

од nenad
2 минути читај за

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој пред две седмици беше ранет во атентат, отпуштен е во четвртокот од болницата во Банска Бистрица каде што беше хоспитализиран по неколкукратното ранување од пиштол од непосредна близина и ќе го продолжи закрепнувањето во својот дом во главниот град Братислава.

Пренесувајќи ја информацијата, словачките медиуми потсетуваат дека врз Фицо беше изведен обид за негова ликвидација на 15-ти мај кога по седницата на владата во малото гратче Хандлова, во центарот на земјата, пријде да се поздрави со неговите приврзаници. Со хеликоптер беше пренесен во блиската болница во Банска Бистрица, каде што работат најдобрите абдоминални хирурзи, и беше подвргнат на две повеќечасовни тешки операции.

„Премиерот Роберт Фицо е преместен вечерва од нашата болница кон Братислава“, изјави Ружена Матасеје, портпаролка на болницата во Банска Бистрица, без да прецизира кога, како и каде точно е транспортиран Фицо.

Претпладнето денеска директорката на болницата Миријам Лапуникова изјави за медиумите дека премиерот Фицо изразил желба закрепнувањето да го продолжи во својот дом, откако ќе ја напушти нивната болница.

Болницата во Банска Бистрица во посебно соопштение извести дека е задоволна од здравствената состојба на премиерот кој закрепнува.

Атентаторот на Фицо, кој словачките медиуми го идентификуваа како 71-годишниот Јурај Цинтула, поранешен припадник на обезбедување на трговски центар во мало словачко место учесник на протести против левата влада на Фицо и некогашен основач на здружение против насилство. Тој во првиот исказ во истрагата, како причина за атентатот ги навел причините за нападот за кои словачкиот премиер беше обвинуван од западните сојузници и од домашната опозиција – реформите на јавниот радиодифузер, укинувањето на специјалното обвинителство кое го формираше претходната власт во Братислава, а во западните медиуми особено се потенцира неговата изјава дека се спротивставувал на прекинот на помошта за Украина. Од него самиот изречените мотиви се совпаѓаат со пишувањата на западните медиуми за причините за атентатот на Фицо објавени веднаш со извештаите за обидот за убиство на словачкиот премиер.

Се истражува дали атентаторот дејствувал сам, а нему му се заканува казна од 25 години до доживотен затвор.

Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.


Post Views:
29

Извор : vesnik-ilinden.com

Фицо отпуштен од болницата ќе закрепнува дома

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING