Почетна Економија Филипче: Тие што не плашеа со Тиранска платформа, сега ќе коалицираат со Приштинска платформа

Филипче: Тие што не плашеа со Тиранска платформа, сега ќе коалицираат со Приштинска платформа

од nenad
3 минути читај за

СДСМ е исправен пред најголемиот предизвик од неговото основање. Сега пред вториот круг на изборите и на денот кога ќе се бираат пратеници, мора да се мобилизираме. Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики, порача вечерва на предизборниот митинг во Неготино, носителот на изборната листа на СДСМ во четвртата изборна единица, Венко Филипче.

   

Според него, резултатот на првиот круг на претседателските избори е под сите очекувања и, како што рече, тоа ќе биде предмет на анализа со цел да се види каде грешеле и кој бил виновен за лошиот резултат.Филипче беше дециден дека сега не треба да се откажат од борбата бидејќи тоа би значело уништување на иднината за многу генерации.

Тој ги повика граѓаните да не наседнуваат на приказните дека „оние што седат во Белата палата, која е симбол на криминалот и корупцијата знаеле подбро од нас да се справуваат со корупцијата и криминалот“. Според него, ВМРО-ДПМНЕ ги плашела граѓаните со Тиранска платформа, а сега најавува коалиција со Приштинска платформа„Не наседнувајте на приказните за правда од оние кои пробаа да извршат убиства во Собранието за да не дојде до промена на власта. Не наседнувајте на лажните патриотски приказни на оние кои имаат резервна татковина, за кои патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолација. Тоа не е патриотизам, тоа е алатка за замајување на граѓаните. Каде се сега истите тие кои ве плашеа со некакви странски, тирански платформи? Каде се сега кога ДПМНЕ најавува коалиција со партиите кои се построија во Приштина и од таму праќаат политички пораки? Или сега Приштинска платформа не им пречи, туку ја повикуваат во коалиција“праша Филипче и додаде дека е веќе видена работа „ВМРО-ДПМНЕ со години да плаши и манипулира со национализам, а потоа да си прави дилови и дели територии“.

Тој нагласи дека СДСМ од своето постоење до денес ги темелел своите политики на зачувување на придобивките од минатото и дека никогаш со своите политики не го довел во прашање опстојувањето и напредокот на државата.

„Вие паметите дека понекогаш бевме сами на браникот на одбрана на НОБ и АСНОМ. Знаевме дека тие се темелите на нашата државност: ги почитувавме, ги одбележувавме и ги браневме кога овие другите ги рушеа и понижуваа. Ние, од СДСМ, никој друг. Никогаш со нашите политики не сме го довеле во прашање опстојувањето и напредокот на државата. Да не дозволиме со погрешен избор да се врати национализмот, насилството и примитивизмот во политиката, апсењето новинари, прислушувањата и грабежот. Јас и другите кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата имаме програма и идеи за стабилност и иднина на Македонија. Јас верувам во вашата подршка. Верувам дека луѓето размислуваат со своја глава и можат да носат правилни одлуки. И ве повикувам сите да бидеме оптимисти. И да ја покажеме нашата сила и моќ на изборите на 8 мај. СДСМ има шанса. И од сите нас зависи дали ќе ја искористиме за да им испратиме вистинска порака“,порача Филипче.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING