ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба на Батериски системи за домаќинства, како начин за намалување и укинување на месечните трошоци за електрична енергија на домаќинствата кои имаат голема потрошувачка.
Со батериски систем со интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, Вашиот објект ќе стане независен од електричната мрежа и ќе има напојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата.
Како функционира системот?
Софтверското решението на Феро Инвест, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано по последните две години, во моментот претставува единствен модел за остварување заштеди преку правилно дневно распоредување на електричната енергија добииена од сонце и целосно искористување на произведениот вишок, и може да се примени на домаќинства, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.
Фотонапонските панели поставени на објектот се поврзува со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторинг на Феро Инвест.
Решението обезбедува енергетски независност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникот постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда.
Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%.
Феро Инвест обезбедува и мониторирање и одржување на системот, за безгрижна енергетска независност на клиентот, по принципот ,,имајте струја и кога никој друг нема”.
Поволности за домаќинствата со голема потрошувачка на електрична енергија
Батериските системи за складирање на електрична енергија се еден од најголемите трендови на денешницата и се круцијален фактор за заштеда во областа на домаќинства и индустрија.
Батериски систем во домаќинства е систем кој е создаден од три компоненти:
– фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија
– батерии во кои се складира енергијата и
– ѕиден компјутер со софтверско решение развиено од нашите инженери, кој управува со целиот систем.
Нашата компанија веќе има инсталирано батериски системи во објекти, со кои се докажа дека домаќинствата може да бидат над 90% енергетски независни.
Домаќинствата кои со својата потрошувачка го надминуваат Блок 2 и влегуваат во Блок 3 и Блок 4, а особено оние на кои значаен дел од потрошувачката им е во Блок 4, се домаќинствата кои ќе имаат најголема корист доколку нивните фотоволтаични електрани изградени за сопствена употреба ги поврзат со батериски систем, а доколку се уште немаат поставено фотоволтаици, ФЕРОИНВЕСТ изведува ,,клуч на рака” проекти на електрани со батериски систем.
Блокови и тарифи на потрошувачка
Законската регулативата за снабдување домаќинства има ниска тарифа од 1,7784 ден/kwh(28,9e/MWh), како и четири блока на висока тарифа, зависно од потрошувачката на клиентот.
Блок 1 – 4,2317 ден/kwh (68,8e/MWh)
Блок 2 – 5,3361 ден/kwh (86,8e/MWh)
Блок 3 – 7,0887 ден/kwh (115,2e/MWh)
Блок 4 – 17,6934 ден/kwh (287,7e/MWh)
Систем креиран по вашите потреби
Нашиот тим на врвни инженери ќе го прилагоди системот на вашите потреби. Тимот комплетно ќе ја анализира потрошувачката на електрична енергија за потребите на вашиот дом и ќе ја сетира батеријата да дава енергија според приоритетите на потрошувачка кои Вие ќе ги изберете, се’ со цел што помалку или воопшто да не се повлекува енергија од мрежата.
Најголемите поволности од системот се големата заштеда, односно ќе бидете заштитени од високи сметки, како и енергетската независност на вашиот дом.
Сервисирање и одржување на системот
Нашата компанија нуди комплетно одржување и сервисирање на батериските системи и на целиот систем во вашиот дом 24/7, 365 дена во годината. https://feroinvest.mk/mk/odrzuvanje/
Добијте ја Вашата индивидуална калкулација направена според Вашата потрошувачка и потреби, со сите ставки на остварени заштеди и бројни енергетски поволности од имплементирање на системот во Вашиот дом.
Побарајте не’ на контактите во продолжение.
Лица за контакт
- Горан Анѓушев – +389 72564900
- Огнен Анѓушев – +389 76339622
- Боне Ацевски – +389 70297464
e-mail: [email protected]