Почетна Економија ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица – Панче Заев и Г’на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица – Панче Заев и Г’на дебитанти

од nenad
4 минути читај за


Компанијата „Г’на“ на Горан Митров, познат уште и како кумашин на поранешниот премиер Зоран Заев, се најде на четвртото место по највисоки добивки кај струмичките фирми за 2023. На првите три места се – Крмзов-МР на Ристо Крмзов, друштво кое воопшто има најголем профит на ниво на цела земја во дејноста изградба на станови, Жикол на Никола Пандев, која гради објекти за домување, но и јавни инфраструктурни проекти како што се тие од нискоградбата и пречистителната станица во Скопје, како и Еко Инженеринг-НС на Никола Ѓоргиевски, најуспешната компанија во Македонија воопшто по остварена добивка во дејноста управување со отпад.

   

„Г’на“ на Митров за брзо време се најде меѓу најуспешните. Со двајца вработени оваа фирма остварила добивка од 103 милиони денари (1,69 милиони евра) и за една година таа се зголемила за 782 отсто. Приходите во 2023 биле 287 милиони денари и во однос на 2022 се зголемиле за 413 проценти. Основна дејност е изградба на објекти, но се занимава и со „издавање и управување со недвижен имот“, „трговија на големо со земјоделски машини и прибор“ и „останати стручни и технички дејности“. Митров има новоформирани претпријатија и за други дејности.

Синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев се сопственици на две транспортни компании за товар – Дисмак Транспорт и Јавор-Транс со кои го запоседнуваат шестото, односно осмото место. Брз подем на „табелата“ има оваа првата, иако е формирана во 2019 година.

Малопродажниот ланец Црвена Ружа и Тргопродукт, компанијата на фамилијата Заеви што го поседува брендот „Мамас“, се пред Дикор ЦД, фирма за изградба на патишта и автопати на Зоран Иванов, кој во изминатите години постојано беше „прогонуван“ од опозицијата како син на поранешната пратеничка и генерален секретар на Собранието, Цветанка Иванова, поради голем број на добиени тендери.

Годинава меѓу најуспешните, иако дебитант, е и Тотал Коп за товарен транспорт на Панче Заев, таткото на поранешниот премиер. Фирмата е регистрирана во март 2023. За неполни десет месеци компанијата направи добивка од околу 850.000 евра и се најде на 14-то место во Струмица.

На листата се уште Макс Струмица за зачини, Нетком Плус за продажба на текстил на големо, Френки Доо за трговија на големо на храна и пијалоци и Адиент Аутомотиве од слободната индустриска зона за производство на технички текстил.       А.К.


Извор: Централен регистар

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING