Почетна Економија Украина ја повика Монголија, како членка на МКС, да го уапси Путин

Украина ја повика Монголија, како членка на МКС, да го уапси Путин

од nenad
2 минути читај за




Украина ја повика Монголија да го уапси рускиот претседател Владимир Путин по налог на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кога тој ќе ја посети земјата на 3 септември, но Кремљ соопшти дека не е загрижен за патувањето, пренесува „N1“. 

Во март 2023 година МКС издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воени злосторства за незаконско депортирање на стотици деца од Украина. Кремљ го отфрли обвинението, тврдејќи дека е политички мотивирано. Наредбата ги обврзува 124-те земји членки на судот, вклучително и Монголија, да го уапсат Путин и да го пренесат на судење во Хаг, доколку тој влезе на нивна територија.
„Ги повикуваме монголските власти да ја почитуваат обврзувачката меѓународна потерница и да го транспортираат Путин до Меѓународниот кривичен суд во Хаг“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи на Телеграма.

Запрашан во петокот дали Москва е загрижена поради фактот што Монголија е членка на МКС, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите: „Не, ние не сме загрижени за тоа. Имаме одличен дијалог со нашите пријатели од Монголија“.
На прашањето дали имало разговори со монголските власти за наредбата на МКС, Песков рече: „Очигледно е дека сите аспекти на посетата се темелно разгледани“, објави Ројтерс.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING