Почетна Економија Украина нападната со балистички ракети и дронови, повеќето соборени

Украина нападната со балистички ракети и дронови, повеќето соборени

од nenad
1 минути читај за

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала две балистички ракети Искандер-М и шест беспилотни летала Шахед во нападот врз Украина денеска во раните утрински часови.

Едно лице е повредено во ракетен напад врз североисточниот регион Шуми, соопштија регионалните власти.

Украинската воздушна одбрана соопшти дека ги соборила сите шест беспилотни летала лансирани од Русија над четири украински региони.

Регионалниот гувернер на Миколаив изјави дека остатоците од дронот предизвикале пожар на отворен простор, кој во меѓувреме е изгаснат, а пренесе дека нема жртви.

Властите во западните региони на Лавов, Ивано-Франковск и Хмелницки не пријавија жртви или штета на цивилната инфраструктура. мс/фото: ЕПА .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING