Почетна Убавина и здравје Убиена e позната манекенка – телото со убодни рани ѝ е пронајдено во станот

Убиена e позната манекенка – телото со убодни рани ѝ е пронајдено во станот

од nenad
1 минути читај за



Известуваат дека е уапсен мажот осомничен за ова дело.

Познатата грузиска трансродова манекенка Кесарија Абрамиџе (37) е пронајдена мртва во својот стан во Тбилиси, а според информациите на Министерството за внатрешни работи, манекенката била избодена до смрт.

Локалните медиуми објавија дека едно лице е уапсено под сомнение дека ја убило Абрамиџе.

Фото: Prinstcreen Instagram/kesaria_official

Абрамиџе беше една од првите трансродови јавни личности во Грузија, а нејзиното убиство се случи еден ден откако парламентот го усвои контроверзниот закон „За семејни вредности и заштита на малолетниците“, кој дозволува забрана на прајд-паради и цензура на филмови и книги со ЛГБТ-содржина, пренесува Гардијан.

Законот, исто така, забранува истополови бракови и родно-афирмативна медицинска нега за трансродовите лица.

Гардијан објави дека, иако мотивот зад убиството на Абрамиџе останува нејасен, има зголемување на насилството врз ЛГБТ-заедницата во земјата откако десничарската партија Грузиски сон ја презеде власта.

Фото: Prinstcreen Instagram/kesaria_official


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING