Почетна Технологија Уапсен убиецот на Ефтимов, се трага по вториот кој помагал

Уапсен убиецот на Ефтимов, се трага по вториот кој помагал

од nenad
3 минути читај за




Вистинска драма се случувала вчера на паркингот кај Т.Ц. Мавровка. Тројцата убијци го пресретнале сега убиениот Васко Ефтимов. Еден од нив му пукал во глава и почнал да бега, а откако го пресретнала полицијата почнал да пука и во полицајците.

По престрелката полицијата успеала да го совлада убиецот и еден од помагачите, а вториот кој помагал успеал да избега низ ходниците на „Мавровка“- дознава „Слободен печат“. Станува збор за лица од Скопје, кои имале криминално досие. Против убиецот ќе бидат поднесени неколку кривични пријави, за коритољубие, кражба и за обид за убиство на службено лице.

 

 

Васил Ефтимов, кој вчера наутро беше застрелан на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровка“, е косопственик на златарскиот дуќан „Дона“ во Трговскиот центар „Бисер“. Дуќанџиите велат дека станува збор за мирно семејство, кое немало голема комуникација со сопствениците на останатите локали. Купувале и продавале злато и сребрен накит изминатите десетина години, а последните две години бизнисот го насочиле кон брендирана бижутерија.

Златара Дона / Фото – Слободен печат / Методи Здравев

Иако се шпекулира дека Ефтимов работел со лихва, од МВР за „Слободен печат“ велат дека досега немаат таква информација. Така, засега нема потврда дали Ефтимов носел поголема количина злато во багажникот и дали убијците евентуално го зеле.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдија дека Ефтимов бил застрелан пред очите на неговата сопруга. Засега не се знае ни која е вистинската причина за убиството, но оттаму за „Слободен печат“ велат дека било извршено вештачење на сите предмети, но во возилото на жртвата не било пронајдено злато.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING