53
Турските власти денеска ги прекинаа трговските односи со Израел, бидејќи во април веќе го ограничија извозот во таа земја, соопшти турското Министерство за трговија.
„Извозот и увозот со Израел се прекинати“, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека Турција ќе ги применува овие нови мерки „додека израелската влада не одобри непречен проток на хуманитарна помош во Појасот Газа“.