Денеска во општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од медиумите беше запрашан за најавените 1 милијарда денари субвенции на што точно ќе се однесуваат. „Тие средства кои што ги обезбедивме со ребалансот ќе бидат наменети за сите категории на земјоделски производители кои што се со соодветни апликации во Министерството. Тука се опфатени сите сточари, овоштари, лозаропроизводители и градинари“, истакна Трипуновски.
На страната на земјоделците секогаш ќе биде Министерството и Владата кои ќе работат во решавање на нивните проблеми и маки. „Опфатени се сите оние кои што во минатото требало, но не ги имаат земено субвенциите. Со ова сакаме да покажеме дека премиерот пред се, Владата сме цврсто решени навистина земјоделците да почувствуваат дека имаат вистински партнер од другата страна кој што ќе ги слушне и нивните маки, но и ќе работи и на решавање на нивните проблеми. И исто така ќе се гради еден добар однос кој што ќе значи Македонија да биде повторно земјоделска држава“, заклучи министерот Трипуновски.