Почетна Технологија Трипуновски: Мојата цел е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки

Трипуновски: Мојата цел е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки

од nenad
2 минути читај за




„Јас се насочувам кон активирање на младите во земјоделскиот сектор. Тоа ќе биде преку низа на мерки кои што ќе ги понудиме како конфинансирање, како стимул за влегување во секторот, и кои што ќе продолжат да го движат процесот за произведување на храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24. „Наредната година ќе имаме неколку сет на мерки кои што ќе значат сериозни грантови за поддршка при имплементација на земјоделски бизниси во државата“, заклучи министерот. Тој посочи дека ќе се врати рентабилноста на производството.

„Секој млад земјоделец кој што ќе сака да влезе во процесот не му се доволни само 10.000, 20.000 па и 50.000 евра грант. Младиот земјоделец сака тоа што ќе го произведува да има регулација, да се следи процесот, и да има кај да го продаде. Математиката да биде во плус, да има рентабилност во продажбата. Така ќе имаме предвидливост на процесот“, заклучи министерот.

„Ние мораме како земјоделска држава која што треба да произведува квалитет и квантитет, да анимираме и нова енергија во целиот процес“, нагласи тој. Министерот Трипуновски додаде дека преку различни мерки и програми ќе покаже како Македонија се насочува да се движи низ еден патоказ што значи земјоделска држава.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING