Почетна Економија Трипуновски: Земјоделските задруги се во нашиот фокус, тие се битни за решавање на проблемот со пласманот

Трипуновски: Земјоделските задруги се во нашиот фокус, тие се битни за решавање на проблемот со пласманот

од nenad
1 минути читај за

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на панел-дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Тој посочи дека земјоделските задруги се во фокусот на Министерството и, како што рече, тие се битна алка во решавање на проблемот со пласманот на нашите земјоделски производи.

– Мораме да работиме да го развиваме задругарството. Во моментов се наоѓаме во еден правен вакуум бидејќи законот за земјоделски задруги е укинат.

Се формираше еден посебен Закон за задруги, меѓутоа, делот на земјоделските задруги остана недефиниран, изјави Трипуновски.

На панел-дискусијата се споделија неколку идеи за во која насока треба да се движат земјоделските задруги, а министерот Трипуновски ги презентираше мерките и проектите од владината програма за нив.

– Преземавме обврска веќе во наредниве месеци да го измениме Законот за земјоделство и рурален развој каде што ќе ги дефинираме земјоделските задруги и нивното здружување.

Ние во нашата владина програма имаме ставено фокус на задругарството преку разни мерки и проекти, се со цел овој начин на здружување биде еден од алките на решавање со пласманот на нашите земјоделски производи, истакна Трипуновски.

ир/ев/Фото: МЗШВ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING