Почетна Технологија Трилинг: На што се должи изборното фијаско на СДСМ на изминатите избори?

Трилинг: На што се должи изборното фијаско на СДСМ на изминатите избори?

од nenad
2 минути читај за




Поранешниот претседател на Собранието – Никола Поповски во вечерашното издание на Трилинг вели „Процесот на усогласувањето на ветувањата, не очекувам да биде така лесно како што се формира Владата така брзо, веројатно ќе има искри, секој ќе си инсистира на своето, а потешкиот проблем веројатно ќе биде усогласувањето со опкружувањето на Македонија“.

   

Градоначалникот на Гостивар кој претендира да биде нов министер за здравство – Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ вели дека има големи шанси тој да го управува Министерството за здравство. За најавата од мандатарот Мицкоски дека во земјава ќе влезе една милијадра евра, Поповски дециден „Ова е изборна измама“.

Според него, изборното фијаско на СДСМ е поради тоа што „имаше пропусти кои не беа добри и кои не требаше да останат, туку требаше веднаш да се сменат“. Таравари, пак, за релациите Скопје – Софија смета дека „ако се изнајде решение, може веднаш да поминат уставните промени“.

Бугарскиот писател Петар Дечев вечерва е гостин во „Трилинг“. Тој смета дека бугарскиот и македонскиот јазик се разликуваат „најмногу затоа што кога имаме слични зборови, постои нешто што на англиски се вика `лажни пријатели`. Погледнете го последното издание на „Трилинг“ со Горазд Чомовски:



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING