Почетна Убавина и здравје Трик што ја намалува големата потрошувачка! – Убавина и здравје

Трик што ја намалува големата потрошувачка! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Одличен трик за намалување на потрошувачката на електрична енергија

Кујната е еден од најголемите потрошувачи на енергија во секој дом, благодарение на мноштвото уреди кои остануваат вклучени дури и кога не се во активна употреба. Но на овој начин можете да ја намалите потрошувачката.

Фрижидерот и замрзнувачот се едни од најголемите виновници кога станува збор за пасивната потрошувачка на струја, бидејќи мора да бидат вклучени 24 часа дневно.

За среќа, постојат неколку едноставни трикови со чија помош можете да заштедите пари.

Како да ја намалите потрошувачката на фрижидерот и замрзнувачот?

Најпрво, проверете дали замрзнувачот ви е полн. Ако замрзнувачот ви е наполнет, ладниот воздух не мора толку да циркулира, па нема да трошите енергија на ладење празен простор.


Поврзани објави

Ако немате доволно храна за да го наполните замрзнувачот, немојте да паничите. Можете да го исполните празниот простор со кеси мраз или да замрзнете кеси со вода и да ги користите за исполнување на просторот.

Важно е секогаш да проверувате дали фрижидерот и замрзнувачот се добро затворени. Најчестиот начин на кој фрижидерите трошат струја е преку пропустлива спојница. За да проверите дали спојницата на фрижидерот е како што треба, направете тест со лист хартија.

Земете лист хартија и затворете го во вратата на фрижидерот и замрзнувачот. Ако остане на место, сè е во ред, но ако испадне, можеби време да ги проверите спојниците.

Кога станува збор за штедење пари, времето е од клучно значење. Одбегнувајте го честото отворање на вратите. Колку подолго се отворени вратите толку повеќе излегува ладниот воздух и фрижидерот мора да работи повеќе за да ја намали температурата.

Исто така, не ставајте ги врелите остатоци од храна веднаш во фрижидер – оставете ги прво да се оладат. Ако сакате да одмрзнете некои остатоци од замрзнувач, ставете ги во фрижидер. Тие ќе се одмрзнат и притоа ќе ја снижат температурата во фрижидерот.

ФОТО: nrd / Unsplash

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING