Почетна Македонија Трајковски: делегација на Општина Делчево присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар

Трајковски: делегација на Општина Делчево присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар

од nenad
1 минути читај за

На покана на Општина Бар, делегација на Општина Делчево присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар. Во рамки на нашата посета остваривме средба со градоначалникот Душан Раичевиќ на која разговаравме за продлабочување на пријателството и понатамошен развој и соработка во сите области.

Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи, при што општините имаат особено важна улога и одговорност. Во име на општина Делчево и од мое лично име како градоначалник – Ви го честитам празникот на градот – 80 години од неговото ослободување. Оваа средба е од големо значење за нас и претставува уште еден чекор во зајакнувањето на односите помеѓу нашите општини и развивање на меѓусебната соработка. Ова е можност да споделиме идеи, искуства и визии кои не водат до заеднички цели. Верувам дека преку отворен и конструктивен дијалог ќе ги поставиме основите за нови проекти и иницијативи кои ќе придонесат за развојот на двете општини.

Нека е честит Денот на ослободување на Бар.

Во рамки на посетата остваривме средба и со амбасадорот на Македонија во Црна Гора, г-дин Зекир Рамчиловиќ. – Горан Трајковски, Градоначалник на Делчево.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING