Почетна Економија Трамп: Судењето беше многу нефер

Трамп: Судењето беше многу нефер

од nenad
1 минути читај за

– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска го нарече „многу нефер“ судењето во Њујорк во кое беше прогласен за виновен за прикривање пари и фалсификување деловни документи.

– Што се однесува до самото судење, тоа беше многу нефер. Под никакви околности не можевме да го искористиме нашиот избран експерт.

Видовте што се случи со некои од сведоците кои беа на наша страна, тие беа буквално распнати од судијата, рече Трамп на прес-конференција по обвинителната пресуда во случајот за исплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера, како и за фалсификување документи, пренесува Си-Ен-Ен.

Трамп продолжи да го критикува судијата Хуан Мерчан, велејќи дека „тој изгледа како ангел, но всушност е ѓаволот“. – Никогаш судијата не бил поконфликтен.

Сега сум под забрана за говор, на каква што никој никогаш не бил, ниту еден претседателски кандидат досега не бил под забрана за говор. За ова се виновни некои лоши луѓе, рече Трамп.

– Ако можат да ми го направат ова мене, можат да му го направат на секого, продолжи Трамп. Тој беше прогласен за виновен од поротата на Окружниот суд во Менхетен по 34 точки од обвинението.

Трамп изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата со која стана првиот американски претседател осуден за кривично дело, иако за тој чекор ќе мора да почека да му биде изречена пресудата на 11 јули.

јт/Фото: ЕПА .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING