Почетна Убавина и здравје Тој би дал цело богатство за Карлеуша, а таа призна дека ѝ направил хаос, еве за кого станува збор (ФОТО)

Тој би дал цело богатство за Карлеуша, а таа призна дека ѝ направил хаос, еве за кого станува збор (ФОТО)

од nenad
3 минути читај за

Според локалните медиуми, се шпекулираше дека Јелена Карлеуша снима дует со една од најголемите ѕвезди на денешницата – американскиот рапер Канје Вест. Меѓутоа, нивната соработка се’ уште не се случила, а многумина со нетрпение ја чекаат.

Поради овој проект, чии детали наводно се чуваат во најстрога тајност, пејачката наскоро ќе замине во Соединетите Американски Држави, каде што двајцата ќе снимат песна и високобуџетен спот, со кој Карлеуша ќе ги помести границите на регионалниот шоу-бизнис и на тој начин ѝ се отвораат сите врати на патот кон светската кариера.

На Јелена засега не ѝ дозволуваат да зборува на оваа тема, а колкава важност му се придава на овој проект говори и тоа што со Вест склучила договор за доверливост, кој доколку се прекрши, следува отштета од неколку милиони долари.

Изворот на „Свет“  упатен во целата приказна раскажа како првенствено дошло до наводниот договор и како Карлеуша реагирала на оваа понуда, која не ја одбила.

Јелена не придаваше никакво значење кога Канје ја заследи на Инстаграм, што пренесоа сите медиуми во регионот. Тој ѝ даде многу комплименти, беше воодушевен од тоалетите што ги носи со неговите Yeezy патики. Раперот ја познава ЈК уште од времето кога беше во брак со Ким Кардашијан, која беше воодушевена од неа, и за која еднаш пишуваше на својот профил. Неговите соработници му ги пуштиле песните на Јелена „Крими-рад“ и „Значи“, кои многу му се допаднале, па ѝ предложи музичка соработка, а таа воодушевено прифати.

Бидејќи Канје не остава ништо на случајноста, веднаш ѝ ги испратил договорот за доверливост и сите детали од проектот, кои Карлеуша го потпишала.

Јелена и нејзиниот тим наскоро заминуваат во САД, каде што лично ќе се сретнат со Вест. Таму ќе сними песна и спот, што ќе биде нешто досега невидено, не само кај нас туку и во светот. Досега требаше се’ да биде завршено, но бидејќи раперот моментално е во медиумска илегала, се чека само да се врати на деловните обврски. Таму ќе помине околу две недели, за успешно да го доведе проектот до крај – заклучува изворот.


Поврзани објави

Не можам да кажам ништо повеќе за Канје, освен она што се случи на Инстаграм. Имаме договор за необјавување, верувале или не. Морав да го потпишам, па не можам ништо да кажам – мистериозно ни изјави Јелена.

Само ми направи хаос во медиумите и на социјалните мрежи, така што јас немам ништо од тоа што ме заследи. Морам да кажам дека очигледно е голема светска ѕвезда штом едно глупаво заследување предизвика олкав хаос. Се сликав во неговите патики и не ни сонував дека луѓето ќе бидат толку заинтересирани за него, дури и војната меѓу Русија и Украина падна во втор план поради тоа. Искрено мислам дека тој случајно ме заследил – изјави на времето Карлеуша.

Фото: Инстаграм

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING