Почетна Убавина и здравје Тоа што го прави оваа актерка за да му се одмазди на бившиот е ужасно! – Убавина и здравје

Тоа што го прави оваа актерка за да му се одмазди на бившиот е ужасно! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Изминативе четири години актерката Алис Еванс стана позната како жена со која разводот е невозможен

Цели четири години трае агонијата наречена развод меѓу Алис Еванс и Џоан Грифид – двајца актери чија кариера падна во заборав, бидејќи нивниот развод заврши на сите насловни страници.

Зошто? Затоа што Алис не може да се помири со фактот дека нејзиниот поранешен сопруг Џоан продолжил понатаму со својот живот. Имено, тој прво си нашол девојка, па одлучил да се разведе, што многу ја погодило Алис.

Јавно го обвинуваше сопругот дека се здебелила поради него, дека затоа нејзината кариера страда, дека ја препуштил на божјиот суд, додека медиумите се ситеа на нејзиниот наплив на искреност.

Од друга страна, Џоан се обидел да продолжи со кариерата и животот, што и донекаде му успеа. Освен што е во среќна врска со свршеницата Бјанка, тој има и успешна кариера. Но поранешната сопруга постојано го влече на дното, како тег, бидејќи нејзините изјави за нивниот однос и понатаму прават спектакл.

Поврзани објави

Сега Алис тврди дека Џоан не плаќа алиментација за нивните две ќерки од мај минатата година, откако старателството ѝ припаднало нејзе, дека ги немал видено и дека не им праќал пораки неколку месеци.

„Додека тој патува низ светот, купува ролекс и дијаманти за себе и свршеницата, јас едвај сврзувам крај со крај. Пријателите ми даваат храна за да не ми гладуваат децата. Наскоро ќе преминам на купони за храна“, тврди Алис во јавното обраќање за медиумите.

Џоан се труди да остане неутрален и ги нема коментирано нејзините изјави. Познато е дека Алис не смеела да објави ништо за него и нивната врска речиси една година откако судот ѝ го забранил тоа, бидејќи на поранешниот сопруг му испратила повеќе од 100 пораки и повици во кои го обвинува за прељуба и други работи.

Алис отишла толку далеку што и ќерките ги свртела против поранешниот сопруг, па тие правеле хаос за време на ретките состаноци со татко им во неговата нова куќа. Го посипувале со млеко и сенф и правеле толкав неред што бил принуден да ги пријави. Тогаш му било наредено да посетува семејна терапија со ќерките за да се смират, но никогаш не го направил тоа.

И додека Алис постојано се жали, Џоан ужива во животот: патува низ светот со својата нова свршеница.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING