Задолжително запишете си го овој рецепт
Норвешките крофнички се приготвуваат неверојатно лесно, па нема да морате да поминувате со часови во кујна. Може да ги комбинирате со солени додатоци, како печеница, сирење, ајвар, но и како слатка варијанта со џем или чоколаден крем.
Состојки:
- 2,5 дл брашно
- 6 дл млеко
- половина лажиче сол
- 3 јајца
- 6 лажици путер
Приготвување:
Поврзани објави
Во брашното додајте сол, потоа половина количина од млекото и матете додека добиете мазна смеса. Во друг сад, измешајте го преостанатото млеко, јајцата и 3 лажици путер, па сипете ги во претходно добиената смеса.
Оставете го тестото да нараснува половина час.
Пржете ги крофничките во преостанатиот путер, а можете да ги правите и големи и мали. Од оваа количина на тесто се добиваат дваесетина. Смесата можете и да ја замрзнете 7 дена.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб/ Cozymeal