Почетна Економија ТЕНЗИЧНО ВО РАГУЗА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕУ: Грчката заменик амбасадорка му се обрати на Муцунски, се вмеша Бунтур

ТЕНЗИЧНО ВО РАГУЗА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕУ: Грчката заменик амбасадорка му се обрати на Муцунски, се вмеша Бунтур

од nenad
3 минути читај за




   

На денешната ЕУ конференција во ресторанот Рагуза 360 во Скопје дојде до мал инцидент. По обраќањето на панелистите, имено, Тимчо Муцунски, Арбен Таравари, Оливер Спасовски и Арбр Адеми, од публиката се обрати грчата заменик амбасадорка во Скопје. Џина Андреади му се обрати на Муцунски со порака дека Северна Македонија мора да го почитува Преспански Договор, дека тоа е базичната основа за мирот во светот, земјите да ги почитуваат меѓународните договори.

По нејзиното обраќање збор од публиката зема Петар Богојевски – Бунтур од Македонски Концепт кој ја обвини Грција дека таа не го почитува договорот од Преспа. На тоа амбасадорката реагираше така што ја напушти салата за да не дојде до поголем вербален инцидент. Не го дочека одговорот на Муцунски кој кажа дека новата влада ќе ги почитува договорите и ќе работи на влез на земјата во ЕУ но не по цена на надионалното достоинство.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING