Почетна Убавина и здравје Телото сериозно страда, а не сте ни свесни за тоа – Убавина и здравје

Телото сериозно страда, а не сте ни свесни за тоа – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Витаминот Д значајно помага за превенција на ментални болести, онколошки, кардиоваскуларни и автоимунолошки болести – ете колку е значаен за телото

Како да знаете дали имате дефицит на витамин Д? Единствениот точен начин да дознаете дали имате недостиг од витамин Д и да направите крвна анализа и да проверите. Но и без тоа можете да утврдите недостиг од овој витамин, ако обрнете внимание на следниве знаци и симптоми.

Предиспозиции за недостиг од витамин Д:

1. Темна кожа. Кај луѓето со потемен тен постои значително поголема веројатност дека имаат недостиг од витамин Д, бидејќи треба 10 пати повеќе да се изложат на ултравиолетово зрачење за да ја добијат истата количина на витамин Д како посветлите луѓе.

2. Склони сте на депресија и промени на расположението. Докажано е дека изложувањето на сончева светлива го покачува нивото на серотонин, познат и како „хормон за среќа“, што го произведува мозокот. Испитување од 2006 година на 80 повозрасни доброволци покажало дека кај луѓето склони на депресија постојат 11 пати поголеми шанси да имаат ниско ниво на витамин Д, за разлика од здравите луѓе.

3. Повозрасни сте од 50 години. Во овој случај, недостигот од витамин Д е поврзан со неколку состојби. Постарите луѓе не само што помалку го произведуваат кога се изложени на ултравиолетово зрачење, туку и нивните бубрези се помалку ефикасни во неговата обработка во супстанција што телото може да ја апсорбира. Покрај тоа, постарите луѓе поретко излегуваат надвор и се изложуваат на сонце.


Поврзани објави

4. Вишок килограми. Со оглед на тоа што витаминот Д е хормон растворлив во масти, постоечките масти во телото го складираат. Поради тоа, потребната доза на витамин Д се зголемува правопропорционално со количината на масни наслаги. Истото важи и за луѓето со висок индекс на телесни масти.

5. Скршеници или болки во коските. Според доктор Холик, многу случаи на хроничен умор и фибромиалгија погрешно се дијагностицираат. Многу симптоми слични на овие болести се појавуваат поради недостиг на витамин Д во крвта. Болката во зглобовите ја предизвикува калциумот, кој поради недостигот на витамин Д, продира во матриксот на скелетот, предизвикувајќи остеомалација.

6. Потење на кожата на главата. Ова е еден од најчестите знаци на недостиг од витамин Д. Врз основа на тоа  многу често се дијагностицира дефицитот на овој витамин кај новороденчиња, што се манифестира со зголемена невромускулна раздразливост.

7. Болести на цревата. Ако имате гастроинтестинални болести што влијаат врз способноста за апсорпција на масти, апсорпцијата на супстанции растворливи во масти, вклучувајќи го и витаминот Д, може да биде значително намалена. Во овие болести спаѓаат целијакија, воспалителна болест на цревата и Кронова болест.

ФОТО: Michele Blackwell / Unsplash

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING