Почетна Македонија ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

од nenad
3 минути читај за


Зад кадар на првата претседателска дебата меѓу кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Ќе ви откриеме што се случуваше во студиото на ТВ21, пред да се вклучат и откако се изгасија камерите.Прв дојде кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски. Заедно со своето обезбедување и лицата задолжени за односи со јавност. Додека ја чекаше својата против кандидатка, со својот тим го бираше пенкалото со кое ќе „настапи“ на дуелот.

   

Пристигна и Гордана Силјановска Давкова, исто така со својот тим. Упатувајќи се кон студиото, ја прашавме дали се чувствува изморено со оглед на тоа што веќе доаѓа и крајот на кампањата пред вториот круг. Ни рече дека не чувствува замор, бидејќи сака да патува и да се среќава со луѓе низ Македонија.Влегувајќи во студиото, Давкова оставајќи ја ташната се поздрави со обезбедувањето и лицата задолжени за односи со јавност на против кандидатот Стево Пендаровски, кратко прокоментира дека не ги познава.

Дојде и момент за средба меѓу двајцата против кандидати. Страните на седење веќе беа утврдени, па си подадоа рака и посакаа успешна дебата, а нашата екипа ги замоли и за заедничка фотографија.
Ништо до тој момент не навестуваше дека ова ќе биде жешка дебата со остри коментари еден кон друг. По строго утврдени правила, 90 секунди за одговор на прашање и 30 секунди за реплика и контра реплика дебатата започна со првото прашање. Колминацијата се случи кога кандидатите еден кон друг започнаа да дофрлаат и изговараат лични квалификации, особено на теми од 90-тите години.

И така 75 минути, над 500 илјади гледачи само на друштвените мрежи го следеа дуелот по кој следуваа низа на коментари и анализи кој бил победникот.
Водителот пред крајот нагласи дека и двајцата кандидати за претседател се професори, а следуваше краток коментар од Силјановска Давкова дека ваква дебата не доликува на професори, а кон водителот и уредник на дебатата упати критика дека требало да биде построг.

Откако водителот Љубиша Цветковски означи крај на дебатата и им посака успешна кампања и изборен ден, камерите се изгасија, а лицата задолжени за односи со јавност и комуникација веднаш дотрчаа до своите кандидати.
„Мислам дека не се ниту погледнаа откако заврши дебатата. Настана еден молк во студиото, секунди кои се претворија во часови… Тишината одредуваше кој и како ќе го напушти студиото“, коментира уредникот Јовица Пауноски.
Гордана Силјановска Давкова стана од столицата и се упати кон вратата, кратко осврнувајќи се кон техничката екипа која ја реализираше дебатата: „Ви благодарам многу и извинете за тоа што се случи“, алудирајќи на делот од дебатата во кој падна нивото на квалитет. Водителот и уредник ја испрати кандидатката, а потоа истото го стори и со кандидатот.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING