Почетна Македонија Таравари: Шест месеци за уставните измени, ако не, ќе го преиспитаме нашето учество во владата

Таравари: Шест месеци за уставните измени, ако не, ќе го преиспитаме нашето учество во владата

од nenad
1 минути читај за

– Ни требаа 10 години ВМРО и ДУИ, без услови, без ништо, да се изгубат, 10 години за да станат дел од НАТО. ВРЕДИ е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени. Тоа е услов – кажа Таравари.

   

Според него, досега со ВМРО-ДПМНЕ не е разговарано за поделба на ресори и кадровски решенија и ги отфрли како шпекулации информациите во медиумите дека барале одредени министерства.Според Таравари, Договорот со Бугарија е затворена работа, исто како и Охридскиот рамковен и Преспанскиот договор. Тој смета дека не во 2030, туку во 2028 година Македонија има реална шанса да влезе во ЕУ.

За употребата на името Македонија рече:„Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања“ рече Таравари

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING