Почетна Технологија Таравари: Опозицијата на секаков начин сака да прикаже дека сè е катастрофа откако тие не се на власт

Таравари: Опозицијата на секаков начин сака да прикаже дека сè е катастрофа откако тие не се на власт

од nenad
2 минути читај за

                              Министерот за здравство Арбен Таравари сè уште не го добил извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од извршениот вонреден инспекциски надзор во Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче, кое почина од воспаление на мозокот.

Таравари очекува денеска или утре да го добие извештајот, а во врска со обвинувањата на опозициската ДУИ за лошите состојби со здравствениот систем во државата, министерот вели дека тие се обидуваат на секаков начин да прикажат дека откако тие не се на власт сè е катастрофа.

Според министерот за здравство, и да била оваа владина гарнитура на власт една, две или три години, здравствениот систем повторно немало да може да се подобри преку ноќ или за неколку месеци. Ова што се случува вели дека е последица на тоа што го наследиле, а конкретно за случајот со петгодишното девојче вели дека не треба да се политизира бидејќи, како што кажа, деца со таква тешка патологија, за жал, умираат секаде во светот.

 

„Не треба да се политизираат случаи каде што навистина било болно детето и навистина патологијата била тешка оти од менинго-енцефалити секаде во светот умираат деца, за жал. Се случува и кај нас.

Директорот покажа и статистика за морталитетот на Клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат, оти на некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па еве како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, па ќе кажеме дека починало некое дете.

Таму каде што имаше феномени можеби на лекарски пропуст ние преземавме чекори. Најмногу се умира во болница, не починуваат луѓето дома. Значи сите тешки пациенти кои што имаат сериозни болести за жал таму е местото каде се лекуваат и, за жал, одредени луѓе починуваат“, рече Таравари.

По неколкуте смртни случаи на деца за релативно краток период на Клиниката за детски болести – Скопје во изминатиот период, министерот за здравство вчера изјави дека директорот Реџеп Мемеди му испратил статистики од минатото кои покажуваат дека морталитетот на Клиниката оваа година споредбено со претходните е многу помал.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING