Почетна Економија ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

од nenad
2 минути читај за

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, редовно ги поддржува локалните заедници со донации на пакети со прехранбени и хигиенски производи

Како компанија која ја препознава критичната важност на поддршката на заедницата, а преку стратешки партнерства со Општина Илинден и соработка со Црвениот крстТАВ Македонија донираше пакети со основни прехранбени и хигиенски производи на социјално загрозени семејства кои живеат во Општина Илинден, каде се наоѓа Меѓународниот Аеродром Скопје.

Оваа активност е дел од заложбата на ТАВ Македонија за позитивно влијание врз локалните заедници каде што работи и дел од традиционалната поддршка од страна на аеродромскиот оператор во хуманитарната иницијатива „Подај рака“ на Општина Илинден, која се реализира со помош на Црвениот крст.

„Горд сум што учеството на ТАВ Аеродроми во оваа хуманитарна активност иницирана од Општина Илинден и поддржана од Црвениот крст стана наша традиција. Како општествено одговорна компанија, ја препознаваме важноста да застанеме заедно и да ги поддржуваме семејствата во социјален ризик, а преку ваквите донации ги поддржуваме локалните заедници каде што работиме. Овие активности ги одразуваат нашите напори за корпоративна општествена одговорност и ја нагласуваат нашата поширока мисија да работиме одговорно и позитивно да придонесуваме за општеството“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Курт, заедно со вработени од скопскиот аеродром ги предаде пакетите на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски и на претставниците на Црвениот крст. Волонтерите на Црвениот крст ќе ги достават пакетите до домовите на семејствата во социјален ризик.

Со денешната донација на ТАВ Македонија, 37 семејства кои живеат на територијата на општина Илинден ќе добијат пакети со основни прехранбени производи и средства за хигиена.

Преку мобилизирање на своите ресурси во активностите за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Аеродроми има за цел да создаде одржливи влијанија кои се протегаат и надвор од корпоративните граници.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING