Прекрасната Џулија Совика стана светска сензација откако нејзиниот пријател објавил видео на кое прекрасната Италијанка ужива на Миконос
Џулија Совико, по професија архитектка, го маѓепса целиот свет со својата убавина кога на Инстаграм осамна нејзино видео од одморот на Миконос, грчки остров познат по одличната забава. Имено, луѓето веднаш почнале да се распрашуваат за кого станува збор, бидејќи тешко се заборава нејзиниот поглед. Бројни корисници на социјалните мрежи ги интересирало и колку години има, со оглед на тоа што под марамата ѝ се наѕирале белите влакна.
Иако станува збор за анонимна жена, која е многу успешна во својата професија, многумина заклучиле дека на нејзината убавина можат да ѝ позавидат и најголемите холивудски диви, како Анџелина Џоли, Ева Лонгорија, Џесика Алба…
Многу брзо се дознало дека има 35 години, дека доаѓа од Италија и дека работа за GBPA architects од Милано. Имало и такви што се прашувале како е возможно тоа што не завршила досега на филмското платно, а потоа се дознало дека таа сепак се занимавала со моделство, за време на студентските денови и дека уживала да позира пред објективот, но потоа му се посветила на образованието.
Тешко би можеле да ја препознаеме на некои фотографии од пред неколку години, бидејќи имала многу долга кафена коса, додека денес носи фризура „паж“, која ѝ стои уште поубаво.
Поврзани објави
Дамите особено се воодушевиле од тоа што нема коригирано ништо на себе и гордо ги покажува белите влакна, кои воопшто не ја намалуваат нејзината убавина.
„Најубавата жена на светот“, „Конечно природна жена без шминки и филтри“, „Болки колку е убава“, „Божица“, „Зрачи со сензуалност“, се само некои од коментарите.
Како ви се допаѓа вам оваа убавица?
ФОТО: Инстаграм @maurositura