Почетна Убавина и здравје Таа е доказ за истрајноста на една жена! – Убавина и здравје

Таа е доказ за истрајноста на една жена! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Софија Вергара ужива со новиот партнер во 6. деценија и живее втора младост

За Софија Вергара моментално велат дека живее втора младост, а многумина се согласуваат дека изгледа како девојка на 53 години. По бурниот животен период, Вергара конечно блеснала, и тоа покрај еден од најзгодните хирурзи Џастин Салиман, со кого неодамна започнала љубовна врска.

Инаку, славната актерка минатата година објави дека се разведува од Џо Манганиело, по седум години брак.

Шармантната Колумбијка на само 19 години се остварила во улогата на мајка, кога го родила својот син единец Маноло Гонзалес Вергара. Тој сега ѝ е најдобар пријател, а неретко се појавуваат заедно во јавност.

Актерката немала лесен живот, напротив, преживеала многу трагедии. Со оглед на тоа што потекнува од богато семејство од Баранкиља, нејзиниот постар брат Рафаел бил убиен во 1998 година при неуспешен обид за киднапирање. Вергара на 28 години доживеала уште една траума: оперирала рак на тироидната жлезда. За среќа, подоцна тој комплетно се повлекол. А потоа, нејзиниот помал брат Хулио бил депортиран од Америка во Колумбија, поради консумирање алкохол и тешки наркотици.

Поврзани објави

Софија Вергара била во брак со Џо Гонзалес од 1991 до 1993 година. Како резултат на оваа врска, на само 19 години актерката го добила својот прв син Маноло, кој е роден на 16. септември 1992 година. По раскинувањето со Гонзалес, сите свои напори ги вложила во глумата и грижата за малото момче, бидејќи сакала никогаш ништо да не му недостасува.

„Бев навистина млада кога се разведов од неговиот татко, па го воспитував обидувајќи се да му дадам најдобар пример, најдобро што можев. Кога луѓето ми даваа комплименти за него, колку добро е воспитан, колку е шармантен и забавен, тоа ги прави сите жртви вредни за трудот“, изјавила актерката.

Со поранешниот сопруг останала во одлични односи, но започнувала и врска со луѓе што биле на погрешната страна на законот, како што е осудениот престапник Крис Пачело. Тој се претставувал како бизнисмен, држел познати клубови, се дружел со Мадона, а најсериозната врска му била со Вергара.

Имала и романска со некогашниот колумбиски наркобос Андрес Лопез, иако никогаш не го потврдила тоа јавно. Нејзиниот син Маноло Гонзалес денес и самиот е познат актер, режисер, модел и одличен младич, срцекршач, кој секогаш е покрај својата мајка и ја придружува на сите доделувања на награди.

Толку сакаше да избега, но не можеше: Трагедијата што го одбележа животот на Софија Вергара

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING