Почетна Македонија Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

од nenad
2 минути читај за




Мора да се обелоденат сите криминали и скандали и да бидеме гласни, а криминалот е тој што треба да биде замолчен, порача носителката на листата за 6 Изборна единица предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од народниот собир во Гостивар и од гостиварци побара, како што рече да се обединат и да го зададат последниот удар.

– Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за ДУИ и за СДСМ. Мафијата царува, додека народот пати. Време е за победа над мафијата. Не им се плашете, казнете ги, порача Стојаноска во нејзиното обраќање.

   

Таа напомена дека обединувањето околу ВМРО ДПМНЕ е важно и да се гласа за бројот два за да нема, како што потенцира, изгубени гласови во 6-та изборна единица кои, како што рече, помагаат исклучиво за пратеник повеќе од ДУИ. Стојаноска од гостиварци ја побара поддршката за Гордана Силјановска

– Гласајте за професорката Силјановска Давкова и за листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Бидете учесници во историската победа над криминалот и корупцијата, и да си ја вратиме Македонија во рацете на луѓето.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING