Почетна Технологија Стоилковски: Преговорите за идната влада се во напредна фаза

Стоилковски: Преговорите за идната влада се во напредна фаза

од nenad
2 минути читај за




Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред сѐ нели на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за текот преговорите со коалициските партнери за формирање нова влада.
Стоилковски додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои се нудат за време на преговорите, да не бидат компромитирани на кој било начин и да се посветени кон работата и реформите што ќе следат.

   

„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но сѐ уште нема конечен договор и сѐ до моментот кога ќе може да се соопшти, нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.
„Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови“, заклучи Стоилковски.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING