Почетна Економија СТИГНА РУСКАТА ОДМАЗДА ЗА КУРСК Ситуацијата кај Покровск е сложена, вели врховниот украински командант Сирски

СТИГНА РУСКАТА ОДМАЗДА ЗА КУРСК Ситуацијата кај Покровск е сложена, вели врховниот украински командант Сирски

од nenad
2 минути читај за

Украинскиот врховен командант, генералот Олександр Сирски, денеска изјави дека ситуацијата во правец на главниот руски напад, правецот кон градот Покровск во близина на Доњецк, „е сложена“, но дека се носат неопходните мерки, без одлагање, пренесуваат британските медиуми.
– Ситуацијата во насока на главниот напад на непријателот е тешка, но сите неопходни одлуки на сите нивоа се носат без одлагање – рече Сирски на Телеграм, додавајќи дека, и покрај тоа што има предност во оружје и жива сила, руската армија трпи значителни загуби.

Според магазинот „Форбс“, Украина итно ја прераспоредила бригадата Кара-Даг, клучна офанзивна единица која брои околу 2.000 војници, од југ кон исток за да ја зајакне одбраната околу Покровск.
Покровск е најголемиот град на два часа од Днипро и се наоѓа на клучна позиција од регионите Доњецк и Запорожје. Градот брои 58.000 жители. Покровск е клучен логистички центар што го користи украинската војска за снабдување и засилување на своите војници на источниот фронт.

Дека Русија веќе реагира на нападот на Вооружените сили на Украина врз областа Курск, денеска потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Тоа веќе се случува – рече Песков во интервју за ТВ „Русија-1“ на прашањето кога Русија ќе одговори на нападите на Украина врз пограничните региони. Тој посочи дека нема сомнеж оти решителните акции на руските вооружени сили ќе продолжат, пренесува Интерфакс.Според утринските податоци на украинскиот Генералштаб, четвртина од сите воени судири во изминатите 24 часа се случиле во правец на Покровск.

Властите на регионот Суми кој се граничи со Курск, истовремено, известија дека еден цивил загина, а четворица се ранети од руско гранатирање.
„Синоќа и утринава Русите извршија 18 гранатирања на пограничните територии и населени места во регионот Суми. Регистрирани се 47 експлозии“, објави окружната управа во Телеграм.

Во посебна изјава, украинските воздухопловни сили соопштија дека пресретнале осум од 11 руски беспилотни летала користени во синоќешните напади. Од другата страна на границата, синоќа Украинците извршиле голем напад со беспилотни летала. Руската противвоздушна одбрана ноќеска собори 158 украински беспилотни летала во 15 руски региони, вклучително и два над Москва, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING