Почетна Свет Стерјовски на средба со претставниците на Македонците во Србија

Стерјовски на средба со претставниците на Македонците во Србија

од nenad
1 минути читај за

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, престојува во Србија, каде остварил средби со претставници на Македонците во оваа земја.

Имав чест да ги посетам Панчево и Јабука, каде што се сретнав со претставниците на Националниот совет на Македонците во Република Србија и со Демократската партија на Македонците. На овие средби имав можност да се запознам со положбата и правата на нашите Македонци во Србија и со предизвиците со кои се соочуваат, информираше Стерјовски.

Во објава на Фејсбук тој напиша дека разговарале за “можностите за соработка меѓу Македонците во Албанија и нашите браќа и сестри во Србија”.

Во име на Македонците од Албанија, положил свежо цвеќе  на бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето “Гоце Делчев” во Јабука. Од срце им благодарам на Македонците во Србија за топлиот пречек и гостопримство. Заедно сме посилни, напиша Стерјовски.


Post Views:
53

Извор : vesnik-ilinden.com

Стерјовски на средба со претставниците на Македонците во Србија

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING