Почетна Економија Стапува во сила законот што го олеснува стекнувањето германско државјанство

Стапува во сила законот што го олеснува стекнувањето германско државјанство

од nenad
1 минути читај за

Според законските измени кои стапуваат на сила, луѓето кои ги исполнуваат сите други услови можат да аплицираат за германско државјанство по пет години престој во Германија. Досега условот беше осум години престој.Децата кои се родени во Германија од родители странци ќе добијат германско државјанство доколку едниот родител легално престојувал на германска територија пет години.

   

Доколку барателот за државјанство покаже „посебни достигнувања во интеграцијата“, како што се особено добри перформанси на работа или училиште или покажува висок степен на социјална посветеност, тој може да добие државјанство по три години престој во Германија.Освен тоа, на Германците кои сакаат да добијат државјанство на друга земја повеќе нема да им треба посебна дозвола од германските власти.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING