Во време на зголемување на цените и моменталната инфлација, невработеноста претставува проблем и предизвик. Во однос на земјите од балканскиот регион, невработеноста е најголем проблем во Босна и Херцеговина, покажуваат официјалните статистички податоци.
Трендовите на пазарот на трудот во некои од земјите од регионот се позитивни со оглед дека се намалиле големите стапки на невработеност, о се уште останува проблемот со релативно ниската стапка на вработеност.
Познавачите на економските состојби анализираат дека проблемот со високата невработеност е ублажен со големата побарувачка за работна сила од пазарите од западноевропските земји.