Почетна Македонија Српски полицајци од денеска 10 дена ќе патролираат во Охрид, согласно договорената соработка

Српски полицајци од денеска 10 дена ќе патролираат во Охрид, согласно договорената соработка

од nenad
1 минути читај за




Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија од денеска до 30 овој месец ќе бидат присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона. Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25 јули оваа година.

Согласно Протоколот за соработка меѓу МВР на двете земји за соработка во текот на летната сезона, тројца полициски службеници на српската полиција од општа надлежност и еден од Одделението за криминалистика секојдневно во односниот период ќе работаат на терен заедно со нивните колеги од Македонија



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING