Почетна Економија Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

од nenad
2 минути читај за

21/11/2024
ВЕСТИ, СВЕТ


– Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета.

Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера. Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации.

И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили. Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија.

Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата. јт/Фото: Н1 .

Извор: МИА


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING