Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани, на која посебен акцент бил ставен на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан.
На средбата, како што соопшти МВР, била потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички е констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста.
На средбата со амбасадорот на Швајцарската конфедерација, Вероник Хулман станало збор за добрата соработка, со надеж, како што се наведува во соопштението, дека истата ќе се продлабочи и продолжи во иднина, особено соработката со ДКАФ која е од посебна важност.
Министерот Тошковски ја истакнал поддршката од меѓународните пријатели како секогаш e добредојдена и особено важна во справувањето со секојдневните предизвици. дма/бак/Фото: МВР .
Извор: МИА