Почетна Економија Средба на претседателот на Собранието и на владината делегација со американски конгресмени

Средба на претседателот на Собранието и на владината делегација со американски конгресмени

од nenad
1 минути читај за

Во рамки на активностите на делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО, на средбата со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс, пензиониран генерал и поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, учествуваше и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Како што соопшти собраниската прес-служба, биле споделени размислувања на двете страни за македонските приоритети во светската безбедносна архитектура.

– Беа разгледани можностите за капитални економски инвестиции, а се потенцираше и посветеноста на новата Влада и сите државни институции во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како предуслов за развој на државата и бенефит на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од Собранието.

Конгресмените изразиле поддршка на земјата, во контекст на сојузништвото во НАТО и нејзината европската интеграција. сст/бак/Фото: Собрание на Северна Република Македонија .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING