Почетна Економија Средба на претседателот Гаши со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија

Средба на претседателот Гаши со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија

од nenad
2 минути читај за




Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија. Тој им посака добредојде на сите претставници и им се заблагодари за нивната посета.Претставниците на Стопанска комора му го честитаа изборот на Гаши и му посакаа успех на новата функција претседател на Собранието.

   

Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанска комора на Северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу друго едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење на предлог-закони кои се во нивен интерес.Собранието можете да го сметате како ваш најсилен сојузник, и ја имате мојата целосна поддршка- рече Гаши.На крајот од средбата соговорниците се согласија дека е потребно интензивирање и продлабочување на соработката во иднина.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING