Почетна Економија Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на МНТ, Кимовски

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на МНТ, Кимовски

од nenad
1 минути читај за

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го прими директорот на Македонскиот народен театар (МНТ), Никола Кимовски.

На средбата, како што соопшти нејзиниот Кабинет, била информирана за тековната работа на МНТ и за подготовките за новата сезона 2024/2025 што ќе почне во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.

Кимовски ја информирал Сиљановска Давкова за предвидената програма на настанот што ќе се одвива од 17 септември до 1 октомври и ќе опфати популарни театарски претстави и познати музички изведувачи од македонската сцена.

На средбата се разговарало и за престојниот јубилеј, 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година. мч/аа/фото: Кабинет на претседателот на РСМ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING