Почетна Економија Средба на министерот Дурмиши со косовскиот амбасадор

Средба на министерот Дурмиши со косовскиот амбасадор

од nenad
1 минути читај за

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја, со кој биле разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.

Како што соопшти Министерството за економија, министерот Дурмиши изразил очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.

Амбасадорот Ќехаја, како што се наведува во соопштението, упатил честитка до новата Влада и до министерот Дурмиши за неговото преземање на фунцијата министер за економија и труд.

сст/бак/Фото: Министерство за економија   .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING