Почетна Технологија Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на НДИ

Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на НДИ

од nenad
1 минути читај за




Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денес оствари работна средба со претставници на Националниот демократски институт – НДИ. На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како и за продолжување на соработката за организација на неколку настани кои се во насока на промоција на отвореноста на Собранието и вклученост на граѓаните во демократските процеси.

Претставниците на НДИ информираа за активностите поврзани со настани кои ќе се реализираат во соработка со Собранието, пред сѐ во промовирање на отвореноста и доближување на Собранието до младите.Генералната секретарка Димовска искажа подготвеност за интензивирање на соработката за реализација на договорените настани со цел успешна реализација на истите, што би резултирале со поголема транспарентност на Собранието и процесите кои се одвиваат во него.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING